АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поради дефект без парно затоплување остана дел од објектот на градинката „Естреја Овадија Мара“ во населбата Стрелиште во Битола каде покрај клонот „Колибри“ со 120 деца, на вториот кат потстанар е подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ со 60 ученици. Директорката Лидија Тфирст Митревска вели дека ја известила општината веднаш кога се појави дефектот на системот, но се уште ништо не е преземено, па училниците од подрачното училиште се без затоплување, а постои опасност целосно без парно да останат и децата во занималните.
-По најава на ложачот на парни котли дека има проблем во системот за греење, на 2 ноември, Установата се обрати со барање до надлежните во Општина Битола за итно решавање на проблемот со системот за греење во овој објект. Во неколку наврати е испратена екипа од страна на Опшина Битола, но до овој момент ниту е детектиран проблемот, нииту е најдено решение и од вчера 60 деца од подрачното училиште остануваат без греење , а стравуваме дека наскоро истиот проблем ќе го имаме и со децата згрижени во Установата. Ги повикувам надлежните од Општина Битола да излезат на терен и да го санираат проблемот со греењето бидејќи сме среде грејна сезона и ќе се оневозможи непречено функционирање на установата. Основач на детските градинки и училишта во градот е Општина Битола, затоа апелирам веднаш да го санираат проблемот, вели Лидија Тфирст Митревска
Во градинката „Естреја Овадија Мара“ во Битола, која има 9 клонови, директорката е се уште кадар на СДСМ, откако Министерството за труд и социјална политика одзеде 6 надлежности на Општина Битола, меѓу кои надлежноста за назначување на директор. Од локалната власт велат дека директорката што ја назначи ресорното Министерство ниту во пролетниот ниту во летниот период не поднела барање за инвестициски интервенции, за да се преземат навреме
„ Општина Битола, има склучено договор за одржување на објектите кои се во нејзина надлежност, но за инвестициони интервенции, потребно е навремено барање од страна на раководството на институциите, во конкретниот случај тоа е директорот на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска, поставена за директор на градинката со одлука на Министерството за труд и социјална политика, по одземањето на ингеренциите на општина Битола, за поставување на директор на оваа градинка. Од страна на директорката, такво барање до општината не е стигнато ниту во пролетниот, ниту во летниот период, кога би можело соодветно да биде постапено од општината. Директорката испрати барање до општината, откако се појави дефект, при што стручно лице од општина Битола, заедно со фирмата надлежна за одржување извршија увид и неколкудневни испитувања во објектот. Констатирано е дека дефект во цевниот развод во подот на објектот, кој е поставен кога е изградена и детската градинка „Колибри“ – клон на ЈОУДГ Естреја Овадија Мара. Имајќи предвид дека и во детската градинка и во училиштето се појави сличен дефект, констатирано е дека треба да се замени комплетната цевна мрежа, за што стручните лица од општина Битола направија проценка на инвестицијата и понудија техничка поддршка на раководството на градинката за изработка на потребната документација.Но, до имплементација на ова трајно решение, имајќи го предвид задоцнетото реагирање и барање од директорката на градинката, општината во соработка со фирмата задолжена за одржување, бара начин за времено решавање на проблемот, како би можело воспитно образовниот процес во објектот, да се одвива непречено„, с енаведува во одгворот од Општина Битола.
Директорката Лидија Тфирст Митревска пак вели дека реагирала веднаш откако се појави дефектот, на 2 ноември кога е испратено барање до Секторот за комунални дејности во Општина Битола, а вчера уште еднаш се обратила и до Секторот за јавни дејности и до градоначалникот Тони Коњановски.
Министерството за труд и социјална политика во март годинава за првпат ги одзеде надлежностите на Општина Битола за градинката Естреја Овадија Мара за поставување член на управен одбор од редот на вработените, потоа беше одземена ингеренцијата за годишната програма, годишниот извештај, за завршната сметка, па е одземена надлежноста за назначување директор и надлежноста за назначување на членови од советот на родители за управниот одбор.