АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За уписот во учебната 2021/2022 година на идните средношколци им ги нудиме следните образовни профили: Електротехничка струка 1. Електроехничар за компјутерска техника и автоматика - 3 паралелки 102 ученици, 2. Електроехничар за електроника и телекомуникации - 1 паралелка 34 ученици, 3. Електроехничар енергетичар (дуално) - 1 паралелка 25 ученици, 4. Техничар за индустриска мхатроника - 1 паралелка 25 ученици. Машонска струка 1. Техничар за компјутерско управување - 1 паралелка 34 ученици, 2. Машински техничар/машинско енергетски техничар - 1 паралелка 34 ученици, 3. Машински техничар за моторни возила - 1 паралелка 34 ученици, 4. Обработувач на метал/заварувач - 1 паралелка 34 ученици.
Новина за следната учебна година е тоа што профилот „Електротехничар енергетичар“ се промовира во дуално образование што значи дека ќе има зголемен број на часови по практична настава кои ќе се изведуваат во реална компанија, а тоа е ФОД – Новаци со која веќе имаме долгогодишна успешна соработка. Неодамна потпишавме и договор за меѓусебна соработка со кој тие активно се вклучуваат во образовниот процес во делот на практичната настава.
Покрај тоа, ФОД – Новаци ќе ја стипендира оваа паралелка што значи дека учениците покрај тоа што ќе имаат обезбеден превоз и оброк ќе добиваат и соодветен паричен надомест. На ваков начин веќе успешно соработуваме и со „Кромберг и Шуберт“ за паралелката од образовниот профил „Техничар за индустриска мехатроника“. Со овој профил ние го промовиравме дуалното образование по германски стандарди во нашиот град, а во септември ја очекуваме и третата генерација ученици.
Овој образовен профил е во соработка со Делегацијата на германското стопанство во нашата земја. За овој образовен профил практичната настава се изведува во реална компанија, а учениците исто така добиваат паричен надоместок од страна на компанијата „Кромберг и Шуберт“ која на учениците им нуди вработување после оформувањето на средното образование. Сипендиран ќе биди и обрзаовниот профил „Обработувач на метал/заварувач“ со тригодишно траење на образованието од машинска струка. Веќе подолго време во градот се чуствува недостиг на ова занимање, а компаниите редовно се обраќаат до нас со барање да им обезбедиме кадар за кој нудат вработување веднаш. Со цел да се зголеми интересот на учениците за ова занимање со кое лесно ќе ја обезбедат својата егзистенција, министерката за образование г-ѓа Мила Царовска изрази спремност оваа паралелка да биди стипендирана со средства од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Ова занимање е посебно поволно за учениците кои немаат доволен број поени од успех за запишување во некој од образовните профили со четиригодишно траење на образованието па од тука мој апел до таквите ученици да го одберат ова занимање. За истото постои можност за вертикална проодност во иднина. На сите идни средношколци кои ќе го одберат нашето училиште во кое ќе го оформат своето средно образование им посакуваме успешно запишување со нашето мото „Избери паметно, избери стручно“ !