Webp.net gifmaker

Масовно чистење на диви депонии по повод Денот на животната средина во Битола

Јуни 05, 2021

Светскиот ден за заштита на животната средина 5 јуни, во Општина Битола беше одбележан со неколку масовни акции.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, истакна дека годинава, покрај масовново чистење, кое го изведоа екипите на ЈП „Комуналец“ и граѓаните, акцент е ставен и на други активности.

„На одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина, покрај масовните акции за чистење на околината и мини депониите, акцент се стави и на зазеленувањето на нови површини, нови детски паркови и осовременување и заштита на објектите, во насока на зголемување на нивната енергетска ефикасност. Ме радува тоа што градот веќе има нов лик, цветен, оплеменет, со нови зелени содржини, со нови рекреативни површини наменети за сите генерации. На сите нас останува да ги чуваме и заедно да дадеме придонес за заштита на животната средина“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

По повод 5ти Јуни Денот за заштита на животната средина, ЈП „Комуналец“ зеде активно учество во акцијата која ја организира Општина Битола.2

„ЈП Комуналец Битола изврши чистење на мини депонии со боб кет и кипер (камион) во с.Г.Оризари, кај Правен факултет и во населбата Димче Лахчански. Исто така во текот на денот ќе се изврши и целосно косење, метење, миење, утовар на органски смет и собирање на хартија околу станбените објекти во Населба Ремо и „Смилевски Конгрес“.Во оваа акција се вклучени 20 работници, 11 грбни косилки (тример) 2 тракторски косилици со предно косење, трактор со метларка, трактор за утовар на органски смет и цистерна за миење“, истакна директорот на ЈП Комуналец, Панде Богоевски. Акцијата ќе се изведува до попладневните часови.4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани