АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новите инвестиции, новата дограма, реновираните тоалети и спортската сала, новиот лик на ООУ„Елпида Караманди“ Битола денеска беа повод за посета на министерката за образование Мила Цароска. Задоволна од резултатите, Царовска рече дека МОН во ова училиште инвестираше 3,4 милиони денари. Министерката Царовска, констатираше дека се исполнуваат критериумите за квалитетно образование и имплеметација на новиот образовен концепт.
-За да имаме квалитетно образование потребни се три работи, а тоа е инвестирањето во наставниот кадар со обуки, да имаме квалитетни наставни програми и инфраструктурно вложување во училиштата, за да бидат современи и удобни како за учениците така и за наставниците, бидејќи најголем дел од времето го минуваат во училиште. Начинот на којшто МОН заедно со општините ги води политиките нудат можност да се имплементираат трите нивоа на инвестиции во образованието. Образованието е инвестиција во нашите деца и во иднината на државата бидејќи без квалитетно образование нема да има економски раст и развој и подобрен квалитет на живот кај сите граѓани. Очекувам сите директорки и директори на училиштата да бидат на висина на својата задача, истакна Царовска за време на посетата на битолското основно училиште „Елпида Караманди".
Градоначалничката Наташа Петровска рече дека подолго време во општината не се зборува за долгови во образованието, туку за инвестиции.
-Во ова училиште во изминатиот период само општината има вложено 3,3 милиони денари во инвестиции. Така заедно со нашите партнери МОН и УСАИД и други направивме сериозно поместување во просторните можности во образовите процеси што е суштински значајно кога зборуваме за квалитетен образован процес. Дополнително со ребалансот на буџетот кој веќе го имаме утре на седница на Совет, и добриот слух на МОН ќе имаме пренамена од средствата од средното образование како вишок на основното со што ќе имаме дополнителна поддршка за набавка на дигитални уреди за концептот којшто ќе го имаме од месец септември, порача Петровска.
Училиштето конечно после долги години работи без блокирани сметки и може да се пофали со инвестиции рече директорката Тања Дамчевска.
-Од моето назначување за директор на ООУ „Елпида Караманди“ Битола се случија многу позитивни работи во училиштето. Но како го затекваме школото. Во 2018 година училишттео беше затекнато со блокирани сметки од 2012 година со вкупен долг од 370 илјади евра, училишната зграда беше во толку ужасна состојба што дури имавме забрана од Санитарна инспекција за работа на дел од објектот. Со текот на работењето сметките на училиштето ги одблокиравме во 2019 година, и не го плативме само наследениот долг туку и долгот од извршните решенија. Па заедно со општината веќе можевме да планираме и реновирање на објектот. 2019 година се реновираа тоалетите, одводната и водоводна мрежа, се реновира дел од спортската сала. За да во 2020 година да аплицираме на проекет за мултиетничка интеграција во образованието за промена на дограма на јужната страна на училиштето. Со 25 проценти од инвестицијата учествуваше и општина Битола. Потоа за да се промени и останата дограма во училиштето побараме средства од МОН. Завршните активности се во тек. Од МОН добивме информација и за реконструкција на кровот на училиштето бидејќи е исклучително лоша состојба. Оваа активност ќе се реализира во 2022 година . Значи соработката меѓу училиштето МОН и општината е многу голема и се надевам и на понатамошна соработка, рече директорката на ООУ „Елпида Караманди“ -Битола, Тања Дамчевска.
-