2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Продолжија протестите на ВМРО-ДПМНЕ, денес со блокада на крстосницата кај Гроздот

Јуни 09, 2021

Со блокада на една од најфреквентните сообраќајници во центарот на Битола, ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи протестите кои започнаа вчера во Скопје и во уште 10 градови низ дражавата под мотото „Доста е, излези за Македонија“. Во Битола протестот започна во 15 часот на крстосницата меѓу улиците „Никола Тесла“ и „Димитар Илиевски Мурато “ и ќе траеше до 17 часот. Целта е како што велат од партијата, власта да го даде на увид Патокозат во преговорите со Бугарија.

-Ова е вториот ден од протестите  во Битола и уште во 9 градови низ Македонија под мотото „Доста е, излези за Македонија“. Целат е да ги разбудиме македонските граѓани, затоа што тое е единствениот начин да ставиме крај  на сите понижувања и предавства кои што ги доживеа Македонија благодарение на оваа криминална  власт. Граѓаните на Македонија мора да знаат дека сите овие понижувања се резултат на немањето на меѓунродна поддршка на  криминалната власт чиј предводник е Зоран Заев. Она што Заев го работи на меѓународен план во изминатите 4 години никако не е градење на нови пријателства, туку целосна распродажба  и опустошување на целиот капитал кој го граделе и надоградувале нашите предци, изјави Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

1

2

3

4

5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани