Враќање на сцената- Фестивал на Монодрама од 22 до 27 јуни - Битола

Јуни 10, 2021

 

•ЗАД ОТВОРЕНИ ВРАТИ• е мотото на годинашното издание на Интернационалниот Фестивал на Монодрама кој од 22 до 27 јуни ќе се одржува во Битола.

Короната ги згасна рефлекторите минатата година за планираното издание.
Но, организаторот Центарот за култура од Битола не дозволи пандемијата целосно да го замрзне актерското време. 
“Сонувавме за оваа година и за Фестивалот кој сакавме да се одржи. И успеавме, зошто сцената е место на кое луѓето колективно сонуваат. Овој фестивал ќе биде добар доказ дека театарот секогаш ќе го пронајде својот нов Модус Вивенди со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.”- истакна Маја Андоновска Илијевски директор на Центарот за култура.

Рефлекторите ќе се вклучат на 22 јуни, на неколку сцени низ Битола, а Интернационалниот Фестивал на Монодрама ќе живее 6 денови зад отворени врати со своја официјална и офф програма.

“Mонодрамата, како форма, покажа дека времето на пандемија не може да ја замолчи. Сведоци бевме на крикот на актерите кои моноспектаклот го избраа да се изразат. И да имаме навистина во време на пандемија и одлучна продукција.Така, со одлука на Фестивалскиот совет, како селектор ја поддржав идејата сите оние актери од нашата земја, кои во оваа година се појавија со свои проекти, а и од оние кои минатата година беа селектирани, да настапат. Ваква една специфична година заслужуваше поинаков третман, а ние како Фестивал ја покажавме својата големина. 10 монодрами во официјална конкуренција, сите продуцирани во нашата држава, зошто патувањата за гости од странство се сѐ уште проблематични, а е и добра поддршка за домашната театарска продуција. Ќе имаме и еден танц перформанс во офф програмата и премиера на класична театарска претстава во чест на наградените,”- изјави актерот Петар Мирчевски кој е селектор на фестивалот.

Програмата официјално ќе биде соопштена на прес-конференцијата која во понеделник на 14 Јуни од 11 часот ќе се одржи во Малата Сала на Центарот за култура во Битола.

Впечатлив дизајн на плакат и придружни промотивни материјали за фестивалот се објавени на социјалните медиуми, позади кои стои графичката дизајнерка Ангела Христовска.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани