2win800x200

СДСМ за нецел мандат го промени ликот на битолските училишта

Јуни 15, 2021

 

СДСМ за нецел мандат на чело на локалната самоуправа во Битола го промени ликот на битолските училишта. Не постои училиште во градот, основно или средно, каде изминатите три и пол години нешто не е реконструирано, заменето, обновено, изградено, изјави претседателот на СДММ Битола, Петар Николовски.

-Дополнително, исплатени се долговите на сите средни училишта во Битола кои ги остави ДПМНЕ

Во Медицинско минато се срамните слики од искрешен училишен инвентар и врати. Во Медицинско вратен е долгот од над 16 милиони денари и инвестирано е во фасада, нов мебел, дограма, осветлување, компјутери, нови нагледни средства, внатрешна реконструкција.

Во Таки Даскало, на пример, за три години, подмирени се долгови во износ од над 45.000.000 денари, а се вложуваше и се вложува во нов мебел, нови катедри, нов паркет, нови компјутери, нов покрив, нови нагледни средства.

Во Техничкото училиште реконструирани се кабинети, тоалети, покривната конструкцијата, заменета е дограмата, се реконструираат спортските терени, подовите во училниците.

Во Економското училиште комплетно се заменети вратите, осветлувањето, паркетот во сите училници, светилките во спортската сала, набавена е компјутерска опрема.

Во Земјоделското училиште реконструиран е покривот, спортското игралиште, ходниците, тоалетите, променети се прозорците.

Во Горната гимназија набавени се нови училишни клупи и столчиња, поставени се телевизори во осум училници, обезбедени се нови нагледни средства, компјутери, ново осветлување со спортската сала, а реконструктивните зафати продолжуваат со над 6 милиони денари, рече Николовски.

Toa е новиот лик на средните училишта во Битола во кој општината се вложи со средства и капацитет како ниту една локална самоуправа досега. СДСМ докажа дека со домаќинско и одговорно работење, со правилно менаџериње можно е да имаме подобри услови и за учениците и за професорите, порача Николовски. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани