2win800x200

ООУ„Гоце Делчев“-Битола на свечен начин ги додели свидетелствата и дипломите на полуматурантите

Јуни 14, 2021

 Во ООУ„Гоце Делчев“-Битола, денеска на свечен начин беа доделени свидетелствата и дипломите на полуматурантите за учебната 2020/2021 година.

Доделувањето се одвиваше во училишниот двор со запазување на протоколите. Беа доделени диплома за првенец на генерација  и најдобар ученик по паралелки.

Стефанија Ацевска – првенец на генерација за IX одд.

Антониа Цветаноска – најдобар ученик во IX-1одд.

Илина Козарова – најдобар ученик во IX-2 одд.

Стефанија Ацевска – најдобар ученик во IX-3 одд.

Азра Демир – најдобар ученик во IX-5 одд.

Арта Мусаи – најдобар ученик во IX-6 одд.

На полуматурантите им се обрати директорката м-р Биљана Стојковска која ги додели и дипломите на најуспешните ученици од  IX одделение за учебната 2020/2021 година.

 

.-Се разделуваме на невообичаен начин, но со многу спомени од изминатиот период. Се соочивме со година на промени, предизвици, но и на успех и напредок.

Со гордост ве испраќаме од училиштето во кое ве мотивиравме и поттикнувавме да се стекнете со трајни знаења, да формирате сопствени ставови и да ги градите личниот интегритет и самодоверба. Патот до успехот не е едноставен, има препреки. Затоа, бидете истрајни, посветени, упорни!

Верувам во вас и ви посакувам успешно да чекорите напред, соочувајќи се со сите предизвици пред вас. Високите резултати нека ве пратат во вашето понатамошното образование. Бидете дел од генерациите успешни личности кои поминале низ нашето училиште, креатори на среќна иднина. Претворете ги соништата во реалност и само храбро чекорете напред!, им посака на полуматурантите директорката м-р Биљана Стојковска. 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен описНема достапен опис

 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани