2win800x200

Битолскиот гасовод уште неизграден ја пламна политичката клима во градот

Јуни 17, 2021

 

Општина Битола не се откажува од изградбата на гасоводот, само ја намали сумата за инвестирање за годинава. Ова е одговорот на општината откако опозицијата обвини дека локалната власт на Битола се откажала од едно од најголемите ветувања на градоначалничката Наташа Петровска затоа што овој круцијален проект е тргнат од развојната програма на буџетот на Општина Битола. Така внесен во предизборието на локалните избори битолскиот гасовод уште не почнат да се гради ја пламна политичката клима во градот.  

„Прво, според информациите со кои располагаме, магистралниот гасовод би требало да биде заполнет и спремен за експлоатација во последниот квартал на оваа година или во првиот квартал од следната година и нашите активности ги координираме со НЕР. И второ деловниот модел за експлоатација на дистрибутивниот гасовод зависи и од концептот кој во моментот го разработува Владата. Кон крајот на јули би требало да имаме попрецизни информации и според тоа да донесеме и правилна одлука“, наведуваат од Општина Битола.

Повеќе на линкот

https://nezavisen.mk/bitolskiot-gasovod-ushte-neizgraden-ja-plamna-politichkata-klima-vo-gradot/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани