2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден загина Тошо Даскалот

Јуни 23, 2021

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 

23 ЈУНИ 1943 Во селото Лавци, Битолско, загина Тодор АНГЕЛЕВСКИ-Строгов (Тошо Даскалот) припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во село Лавци, Битолско, на 4 јануари 1909 г. Потекнува од селско занаетчиско семејство. Основното четиригодишно училиште го заврши во Лавци. Потоа се запиша во Државната мешовита реална гимназија во Битола, а во учебната 1925/26 г., во Учителската школа во Прилеп. Уште како ученик во Учителската школа, се оформи како напреден младинец. Тој беше во првите редови на напредното учителско движење во кралска Југославија и член на КПЈ од пред војната. Во Народноослободителната борба се вклучи уште во 1941 г. Беше организатор и активен учесник во сите значајни настани од антиокупаторската борба во Битола и Битолско од 1941 до јуни 1943 г. Имаше голема заслуга за создавањето на битолските партизански одреди „Пелистер“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Гоце Делчев“. Беше командант на здружениот одред „Даме Груев“ во 1943 г., командант на здружените одреди „Даме Груев“ и „Вичо“, член на Окружниот оперативен штаб и командант на Штабот на Втората оперативна зона. За антифашистичката активност од фашистичкиот окупаторски суд беше осуден на смрт во отсуство. Неговата глава беше уценета со тогашни 200.000 лева. Опколен од бугарската војска и полиција, која ја запали плевната во која се криеше во селото Лавци, за да не падне жив во рацете на окупаторите, се самоуби на 23 јуни 1943 г.
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани