2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Водовод со апел за рационално користење на водата  

Јуни 24, 2021
Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 °C, како и податоците  на ЈКП "Водовод" Битола за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Битола:
 
-рационално да ја користат и употребуваат водата, 
-да избегнуваат полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.
 
Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснабдување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснабдување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело. 
 
Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Битола. 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани