АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска (03.08.2024) за потребите на волонтерите за акцијата за гаснење на пожарот на Плакенска планина, од страна на командирот на полициската станица од општа надлежност Демир Хисар при СВР Битола, Николче Јошевски во координација со градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски обезбедени се вкупно 94 пакети храна како и 1200 шишиња вода. Донацијата е предадена на градоначалникот во својство на началник на Општинскиот штаб за заштита и спасување .