АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ од утре почнува со реализација на проектот за надградба и поправка на коловозот на влезот во Битола од страната на Прилеп.
Според најавите, во оваа фаза ќе се реконструира патот од „Лозар“ до Горно Оризари, а овој проект е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Битола и Програмата за рехабилитација на регионални патишта на ЈП за државни патишта.
ЈП „Нискоградба“ од Битола ќе ја гради атмосферската канилазција.
За време на градежните активности, сообраќајот ќе се одвива според утврден режим од страна на изведувачот на работите