Општина Новаци прослави 22 години постоење

Март 30, 2018

Општина Новаци денеска прослави 22 годин од своето основање, а Советот одржа свечена седница на која свое обраќање имаше градоначалникот Љубе Кузмановски.

 

„Денеска го одбележуваме денот на општина Новаци и 22 година постоење. Општината важи за една од најдобрите и најуспешните рурални локални самоуправи во државата. Со посветеност и макотрпна работа тоа темпо уште повеќе ќе го надоградуваме и развиваме , се со цел да им го зголемиме квалитетот на живот на нашите жители и да ја направиме општината подобро и поубаво место за живеење,  “ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Градоначалникот уште еднаш направи преглед на проектите кои се зацртани да се реализираат во наредниот периот: доасфалтирање на патот Рапеш Старавина , доизработка на проект за обезбедување на вода за пиење од водовод Битола и отпочнување на градба за населените места Бач, Брод, Добровени и Живојно, реконструкција на училиштата во селата Горно Агларци и Бач , изработка на проектна документација и урбанистички планови , реконструкција на објекти на месни заедници Живојно, Далбеговци, Скочивир и други, доизградба на капела во с. Новаци, изградба на ракометно игралиште во с. Долно Агларци, реконструкција на водоводите во селата Мегленци и Старавина,изградба на тротоари со бекатон плочки во повеќе населени места,реконструкција и доградба на општинската зграда, реконструкција , одржување, асфалтирање и тампонирање на патишта и улици на територијата на општина Новаци , изградба на зелен појас и други. На свечената седница на Советот пред советниците, општинската администрација и многубројните медиуми,Кузманоски  посебен акцент стави на понатамошниот развој на општината и многубројните планирани проекти за реализација во наредниот период.

Градоначалникот  Кузманоски  на своите соработници и пријатели, поддржувачи на работата на општина Новаци им додели благодарници на: ЕЛЕМ, РЕК, ФОД, УЈП, Македонска пошта, ЦУК, МВР, ПЗУ Даскал, ДЗС, и на голем број медиуми. На спортските амбасадори , сестрите близначки Ана, Марија и Атанасија Момоковски им беа доделени благодарници за спортските достигнувања во карате.

-Заедно со подружницата РЕК Битола како општествена одговорна компанија секогаш го помагала регионалниот и рамномерен развој,посебно во Општина Новаци, бидејќи нашето седиште е и овде во Новаци. Сме помагале и секогаш ќе помагаме во еконосмкиот дел, вработувањата и секако дека ќе се грижиме и за еколошкиот аспект, морам да издвојам дека изминатиот период ЕЛЕМ со одлука од управниот одбор донираше прочистувачи за водух за Општина Новаци за кои што треба да се постават во училиштата и градинките, секогаш ќе им излегуваме во пресрет, изјави Васко Ковачевски директор на РЕК Битола

Општина Новаци како единица на локалната самоуправа постои од 1996 година и е составена од трите поранешни општини Новаци, Бач и Старавина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани