2win800x200

И Армијата помага во уредувањето на плажите во Преспа

Јули 03, 2021

Инженериската единица на Армијата помага во уредување на крајбрежјето на Преспанското Езеро. Министерството за одбрана ја поддржува акцијата “Чиста Преспа, моја Преспа” која трае еден цел месец со цел почисти и поубави плажи во Преспа. 

„Армиско цивилната соработка е секогаш ефикасна и во служба на граѓаните“, напиша на својот фб профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска која ја посети Преспа.  

„Заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска бевме во посета на припадниците на инженериската единица на армијата, која со својата механизација се вклучи во најголемата еколошка акција Чиста Преспа Моја Преспа за чистење на крајбрежјето на Преспанското Езеро. Моето задоволство е огромно што оваа акција доби огромна поддршка од голем број државни институции, бизнис секторот, невладините организации и волонтери кои се вклучија во истата.Акцијата продолжува и во наредните денови“, соопшти градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски. ,208073389 10223631459007909 8051714039924306450 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани