2win800x200

Почина новинарот во пензија Стево Гаџовски

Јули 03, 2021

 

На 78 годишна возраст почина новинарот на Битолски весник во пензија, Стево Гаџовски. Гаџовски целата своја новинарска кариера до пензионирањето ја помина во најстариот локален весник во државата Битолски весник каде долги години беше уредник на страницата за деца и млади -„ Колибри“ ,а извесен период беше заменик главен и одговорен уредник. Гаџовски беше еден од промоторите и поддржувачите на Малиот Битолски Монмартр. Погребот на Гаџовски ќе се изврши утре, недела, во 11 часот на Светонеделските гробишта. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани