АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Антонио Цветковски, еден од најдобрите студенти од втора година на Техничкиот факултет од Битола, е еден од десетте студенти кoи добија стипендија од ЕСМ, а студираат во оваа високообразовна институција. Цветковски е по потекло од битолското сечо Ношшал, но сега живее и студира во Битола, а професорите кажауваат дека многу се труди во исполнувањето на студентските обврски. Добитник е на повеќе награди поврзани со електро струката уште од средното училиште.
„Од најмала возраст се интересирав за електро стртуката, ме интересираше како се движи струјата. Завршив средно техничко, па сакав да продолжам на Технички факултет насока електро. По завршувањето приоритет ми е да се вработам во електрична комапнија за производство, пренос на електрична енергија или слично. Но првенствено во Македонија“, рече Антонио.
Деканот Стојанче Нусев рече дека сите десет студенти кои ќе добијат стипендии имаат висок просек над 8.
„Ова нека биде апел до идните матуранти да се запишат на техничките струки на нашиот факултет. Секој ден на нашиот факултет доаѓаат раководители од различни институции и ги бараат инженерите од нашиот факултет да бидат вработени во нивните фирми“, рече деканот.
Договорите ги потпиша Васко Ковачевски, директор на АД ЕСМ
„Оваа година износот на стипендиите е зголемен од досегашните 60 000 денари на 80 000 денари по студент. Тоа е уште една прилика да ги мотивираме студентите да бидат што повеќе мотивирани за да учат. Со ова ЕСМ уште еднаш ја покажува општестваната одговорност. Инвестираме во овие млади кадри да останат во државата, да ја градат својата иднина овде кај нас, посебно ако можат и во нашата компанија. Тоа ќе значи плус додатна вредност и за нас како компанија“, рече Ковачевски.
Директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски рече дека со оглед на новите предизвици пред кои е исправен комбинатот, а тоа е промената на производството од јаглен на обновливи извори, компанијата ќе има потреба од квалитетни, стручни кадри.
„Покрај тоа што инвестираме не само во давањето стипендии, туку и во давањето помош за изведување на одредени инфраструктурни проекти во рамките на видокообразовните институции, вратите на РЕК се секогаш отворени за волонтерите, практиканти, студенти. Токму од овие кадри во иднина очекуваме несебично да се вложат и да го подобрат производниот процес во РЕК посебно имајќи во редвид дека во иднина не очекува и промена на технологијата на производство на електрична енергија, се поготвуваат документациите за издграба на гасните централи и фотоволтаичните централи и од тој аспект и тоа како насушно ни е потребен квалитетен кадар“, рече Ќурчиевски.