2win800x200

За викендот услови за невреме во попладневните часови

Јули 09, 2021

Времето утре: Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.

Времето во следните денови: За време на викендов во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени. 

Потоа следува период на стабилно време, освен во понеделник кога ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
 
Извор: УХМР
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани