АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Продолжува интересот за вакцинација кај жителите од битолски села. За два дена тимовите вклучени во теренската вакцинација имунизираа 288 жители од неколку погранични и подпелистерски села во Битолско. Според информациите од Здравствен дом, вчера беа вакцинирани 177 жители од Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Меџитлија, Кременица и Гермијан, а денес 111 лица од Дихово (7), Нижеполе (20), Трново и Магарево (32) Брусник (19) и Лавци (33).
Вакцинацијата продолжува утре во селата Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани и Канино.
Инаку на вакциналниот пункт во спортската сала на Медицинското училиште каде се одвива вакцинација без закажани термини и ревацинација овие два дена се вакцинира 1421 лице.