2win800x200

Сончево со умерена облачност и силен ветер и во текот на денешниот ден

Април 01, 2018

Нeвремето во текот на ноќта со врнежи од дожд и силен ветер не предизвика поголеми штети во битолскиот регион. Од Центарот за упаравување со кризи во Битола, за Апла.мк изјавија дека кај нив, засега, нема пријави на штети, освен проблемите во снабдувањето со електрична енергија во битолските села Бач, Сливница и Скочивир.

Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека денеска,  1 април, времето ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните и североисточните делови, значително облачно со услови за дожд.  И натаму ќе дува силен ветер со брзина и над 80 км на час.Кон крајот на денот брзината на ветрот ќе се намали.

Максималната  дневна температура  ќе биде  во интервал  од 11 до 19 степени

Од утре до среда времето ќе биде сончево, а дневната температира во пораст. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува кон крајот на работната недела

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани