2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Библиотека на тркала во Битола (Фотогалерија)

Април 02, 2018

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Фондацијата „Чекор по чекор“ и „Сумнал“ – Здружение за развој на Ромите заеднички го одбележуваат 2 Април -Светскиот ден на книгите за деца и 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите. Денес ја промововираа кампањата „Прочитај ми сказна за да го разберам светот”, со цел да се популаризира читањето книги кај ромските деца од најмала возраст, како и кај сите деца.

Кампањата опфаќа средба со писатели, читање на книги од познати личности, едукативни работилници за деца и родители итн. На денешнот настан беа присутни над сто ученици од основните училишта од Битола „Стив Наумов“, “Гоце Делчев“ , децата од градинката „Естраја Овадија Мара“и деца кои го посетуваат „Сумнал“ .

„Следењето на модерните текови е резултат на нашите настојувања, библиотеките да работат во пресрет на потребите на заедницата, особено на најмладите учесници како наши идни корисници. Со цел да се популаризира книгата и читањето од најмала возраст потребно е примена на нови форми и методи кои се прифатливи за нивната возраст, причинувајќи им задоволство и воодушевување и тоа преку игра и забава и користење на соодветен дидактички материјал“, рече м-р Јелена Петровска директорката на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола.29855178 10155268067936674 1194153865 n

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“има за цел да го подигне интересот кон читањето и математиката кај најмладите ученици и да ја вклучи целата заедница во овие активности со децата. За таа цел градот го посети таканаречената Библиотека на тркала. Таа е специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика со кое ги посетува училиштата од сите региони во државата за да им овозможи пристап до материјали за учење29855525 10155268066856674 918787186 n

„Читањето е забавно. Тоа е клучна вештина која ни помага да учиме и да го живееме животот – и затоа започнувањето со читање е возбудлива и важна фаза од развојот на децата. Да им овозможиме на децата редовни дружби со книгата од мали нозе, да им го збогатиме детскиот вокабулар со нови зборови, да ја поттикнеме љубопитноста од најмала возраст, да им ја развиеме способноста за памтење и креативност. Децата се како сунѓери, да им овозможиме нови знаења во забавна и опуштена атмосфера“, рече Фатма Бајрам Аземовска претседателка на „Сумнал“ – Здружението за развој на Ромската заедница.29855968 10155268067446674 1639981270 n

„Сумнал“ се стреми кон зајакнување на капацитетите на ромската заедница преку подобрување и развој на ромската култура, јазик и традиција како и промоција на позитивните вредности на културата на Ромите како услов за унапредување на современото македонско општество и рушење на стереотипите и предрасудите.29919898 10155268068511674 1295649472 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани