Webp.net gifmaker

Горештините не стивнуваат, топлиот бран продолжува и следната недела

Август 01, 2021

 

Времето денес е сончево и особено топло со мала локална облачност во северните делови. Максималната температура е во интервал од 35 до 43 степени.  УВ=9

И утре времето ќе биде сончево и особено топло. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец. УВ=9. Во Битола температурата ќе достигне до 40 степени.

 Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од средината на следната недела за некој степен температурите ќе бидат пониски.

 

Извор: УХМР

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани