АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екипa на Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола користејќи ја мултифункционална цистерна наменета за дотур на вода во кризни подрачја се вклучија во гаснењето на пожарите што го зафатија источниот дел од државатва, поточно во пределот на Старо Нагоричане.
„Вчера добивме повик сите јавни претпријатија кои имаме цитерни за помош. Веднаш се подготвивме и заминавме на терен. Тоа е намената на цистерната за кризен менаџмент. Вршиме дотур на вода за луѓето кои се на терен и до пожарниарските возила кои гаснат“, рече Горан Козаров , директор на ЈП „Водовод“ од Битола.
Во пожарот во областа на Старо Нагоричане изгореа околу 600 хектари високо квалитетна борова и дабова шума, а пустошот што остана по огнените јазици може да се виде и на видео снимката