АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден,14 АВГУСТ 1900, во селото Герман, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, роден е Богоја ФОТЕВ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Во напредното комунистичко движење од пред Втората светска војна.
По окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија активно работи на организирање на антиокупаторска борба. Заради својата дејност уапсен и затворен од бугарските окупаторски власти. Делегат на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 г. и член на Президиумот на АСНОМ.
Подоцна назначен за повереник за финансии и секретар на Президиумот на АСНОМ. На Второто заседание на АСНОМ кое се одржа во Скопје од 28 до 30 декември 1944 г. избран за повереник за земјоделство.
На Третото заседание на АСНОМ во Скопје од 14 до 16 април 1945 г. избран за член, а во пролетта на 1945 г. и за претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија. Во 1949 г. се изјасни во полза на Резолуцијата на Информационото биро (ИБ) и е осуден на затворската казна.
По ослободувањето не е општествено-политички активен. Носител на Партизанска споменица 1941.
Починана 27 јануари 1993 година, во село Бистрица, Битолско.
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар