Колевски-Вложувањата на СДСМ во спортот ги даваат очекуваните и посакуваните резултати!

Август 23, 2021

Интегрален текст од изјава на Васко Колевски,член на ЦО на  СДСМ

Вложувањата на СДСМ во спортот ги даваат очекуваните и посакуваните резултати !

За првпат во историјата на македонското куглање, женската репрезентацијата до 18 години ја сочинуваат млади битолчанки. Предводени од својот тренер, исто така битолчанец, тие ќе ја претставуваат Северна Македонија на Светското првенство во куглање до 18 години.

Нашата визија за развој на спортот во Битола доби уште една потврда. Младите кугларки кои заминуваат на Светско првенство тренираа и ќе тренираат во кугланата што ја реконструираа Општина Битола и Агенцијата за млади и спорт. Овие битолчанки се дел од многубројните млади спортисти, спортски здруженија, поединци, аматерски и професионални клубови кои ја добиваат поддршката од Општина Битола изминатите четири години.

На последниот јавен повик за доделување на финансиска поддршка во рамките на Програмата за развој на спортот, Општина Битола даде 1.509.000 денари за спортските клубови, здруженија и спортисти од општината.

Професионалните спортски клубови од Битола годинава финансиски се поддржани од Општина Битола со над 26 милиони денари.

Во спортот во Битола се вложува и во инфраструктурни објекти – Градскиот стадион, Спортската сала, спортски игралишта во училишта и месни заедници.

Така се сака Битола ! Така се вложува во спортот во Битола !

СДСМ го има најдоброто за нашата општина !

СДСМ тоа ќе го потврди со уште една голема победа во Битола на локалните избори !

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани