Webp.net gifmaker

Со грант на Јапонија и средства од Општина Битола целосно реконструирана градинката „Коца Василевска“ клон на „Мајски Цвет“

Август 23, 2021

Со грант на Владата на Јапонија целосно е реконструиран кровот на детската градинка „Коца Василевска“ која работи во рамките на ЈОУДГ Мајски Цвет“ во Битола. Исто така, со финансиска поддршка од Општина Битола реконструирана е фасадата на објектот со што сега целата надворешност има енергестка ефикасност, но и комплетно нов лик. Јапонскиот Амбасадор во Македонија, Хиронори Савада, денеска дојде во Битола, да ја означи завршницата на овој проект, а децата од оваа градинка, срдечно го пречекаа со програма подготвена специјално за настанот.

-За мене е голема чест што денес сум во Битола, на завршната церемонија од проектот за реновирање на градинката „Коца Василева“, донација во рамките на Програмата за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност. Во Битола ние досега реализиравме 11 ГГП проекти, од кои 6 во училишта и Центри за рехабилитација на деца. Многу сум среќен што уште еднаш им помогнавме на децата да учат во подобри услови. Од 1996 година Јапонија со вкупно 7,8 милиони евра поддржа 158 ГГП проекти во секторите здравство, образовани и животна срдина во РС Македонија, со што верувам дека приоднесоа за социјален и економски развој кој е многу важен за интеграцијата во ЕУ, рече Амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада.

gradinka6

Градоначалничката Наташа петровска, рече дека реконструкцијата на оваа детска градинка е само дел од низата на инвестиции во објектите за згрижување деца, реалзирани со средства од Буџетото на Општина Битола, со оддршка на бизнис заеднциата, но и со дипломатските претсатвништва, како во случајот денешната Јапонска инвестиција.

-Од самиот почеток оваа локална самоуправа вложи многу во подобрувње на капцитетите на детските градинки, бевме наосчени кон комплетно подобрувње на условите во самите градинки, но и проширување на опфатот на децата. Успеавме во изминатиот период да решиме низа инфраструктруни зафати во објектите, но успевме со помош на отворање на нови занимални да го проширеиме опфатот за нови 150 дечиња. Исто така, во моментот во Општина Битола се во изградба два објекти за две нови детски градинки, со кои ќе се зголеми капацитетот за 400 деца, кои што заедно со оние 150 во веќе отворените занимални е серозна бројка на поместување на опфатот на деца. Она што ме радува е дека ова не го правевме сами со нашата визија и нашите здрави политики како локална самоупрва, туку со успешно менаџирање на нашите директори, но и со сериозна поддршка на Минситерството за труд и социјала, со нашите пријатели од бизнис заедницата и секако со поддршка на странски дипломатски претставништва, како што денес го имаме примерот со Јапонската Амбасада, изјави градоначалничката Наташа Петровска

gradinka5

 

Директорката на ЈОУДГ „Мајски цвет“ Снежана Тодоровска посочи дека проектот е изведен со грант од 68.000 евра од јапонската амбасадата и средства од Општина Битола.

-Во градинката „Коца Василева“, целосно е променета покривната конструкција, а со финансиска помош од општината подготвивме и уште еден проект и направивме енергетски ефикасна фасада, така што сега овој објект е комплетно реновиран“, рече Снежана Тодоровска, директор на ЈОУДГ „Мајски цвет“-Битола.

 FB IMG 1629732841272

Во рамките на ЈОУДГ „Мајски цвет“ работат 7 клонови, во моментот со КОВИД протоколите се згрижени 400 деца, кои летово се преполовени поради летните одмори. Во ниту една градинка засега нема позитивни на КОВИД-19, од перосналот 75 проценти се вакцинирани, а се очекува во наредниот период да се вакцинираат и останатите вработени.

градинка2

градинка1

градинка3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани