АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонската фудбалска надеж Дарко Стојановски ќе го има својот прв интернационален предизвик, затоа што како фудбалер ќе продолжи да се гради во Словенија.
18-годишниот играч за врска, роден битолчанец, во иднина ќе ги брани боите на Олимпија Љубљана, откако словенечкиот тим се избори за негов трансфер од редовите на Академија Пандев.
Стојановски успешно го мина пробниот период во Словенија, откако задоволи со своите настапи на пријателските натпревари и наскоро и официјално ќе му се приклучи на младинскиот тим на Олимпија.
Македонецот пред да се пресели во редовите на Академија Пандев, своите фудбалски почетоци ги имаше во битолските школи ЛГ Спорт и Талент.
Извор: https://www.gol.mk/