Пензионерите кои рекреативно играат фудбал, членови на Здружението на пензнионери- Битола, учестуваа на Меморијалниот турнир во фудбал „Валентин Стефановски 2023“ што деновиве се одржа во Демир Хисар. Таму се одигра ревијален натпревар помегу пензионерите од Здруженијата во Битола и Демир Хисар, на кој победија битолчаните. Со овој успех потврдија дека годините не се пречка за спорување дружење и победи. Турнирот се одржува традиционално секоја година.

На голем видео бим што го поставува Општина Битола на плоштадот Магнолија,  битолчани ќе имаат можност да го проследат фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на   Португалија и Македонија, што се игра во Порто во финалниот бараж за пласман на Светско првенство.

Натпреварот почнува во 20 часот и 45 минути вечерва.  Да им посакаме среќа на македонските фудбалери и сите заедно да навиваме за Македонија!

Македонската фудбалска надеж Дарко Стојановски ќе го има својот прв интернационален предизвик, затоа што како фудбалер ќе продолжи да се гради во Словенија.

На неколку часа пред натпреварот на ЕУРО 2020 помеѓу Македонија и Украина,  атмосферата во Букурешт е вжештена. Голем број Македонци заминаа за Романија да ја бодрат од трибините македонската репрезентација. Навивачките табори, меѓу кои најмногубројни се битолчани, се вистински хит во Букурешт, каде од синоќа се веат македонски знамиња, се пеат македонски песни, се играат македонски ора, а ечи и „Битола мој роден крај“.

200534992 1001638140653432 9176782353959789562 n

Бројни телевизиски екипи ги снимаат македонските навивачи низ главниот град на Романија, а нашите кои заминаа да го следат овој важен натпревар за Македонија, велат дека доживувањето е исклучително.

-Атмосферата е подигната на највиско ниво, спремни сме да им дадеме поддршка на нашите репрезентативци, а ова е доживување кое ќе го паметам целиот живот, вели битолчанец кој вчера замина за Букурешт.

Натправерите на ЕУРО 2020 можат да ги следат вакцинирани граѓани или пак со негативен ПЦР тест, кои добиваат алки како доказ за тоа.

 

viber image 2021 06 17 10 39 06

 


viber image 2021 06 17 11 08 16

Багодарние на нашите сограѓани кои се дел од фудбалската еуфорија во Букурешт, на читатлите на апла.мк им ја пренесуваме атмосферата од Букурешт преку неколку аматеркси видеа и фоторгафии. На првиот натрпеавар на трибините имаше над 4000 македонски навивачи, денес се очекува поголема бројка

Бројката од 80 девојки кои тренираат фудбал во Женскиот фудбалски клуб „Топ гол“ покажува дека кај битолчанки има интерес за спортот кој до неодамна важеше за машки. Битолскиот клуб е еден од најстарите женски фудбалски клубови во земјава, а секоја година расте интересот за упис.

„Голем број битолчанки играат фудбал. Женскиот фудбалски клуб Топ гол постои 12 години и е еден од најстарите клубови за женски фудбал во земјава. Целото опстојување е од самофинансирање и со спортистки од нашиот град. Со спортските ваучери и помошта од АД ЕСМ ќе имаме можност да побараме и некое зајакнување. Но, главна цел и обврзани сме тие средства да ги искористиме за девојки од градот Битола“, вели основачот и тренер на „Топ гол“ Кире Грбевски.sport4

(Основачот и тренер на „Топ гол“, Кире Грбевски, првиот од десно) 

Тој додава дека интерес има, кај нив тренираат 80 девојки, а досега четири пати биле младински шампиони на Македонија. Имаат 12 репрезентативки скоро во секоја од четирите категории, а работат со неколку тренери.

„Организациски сме поставени како машките клубови, но со помал буџет. Сега со донациите и спортскиот ваучерски систем се надеваме дека таа рабта ќе се промени и ќе биде подобро“, рече Грбевски.

Ж.З.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани