2win800x200

Инвестиции од половина милион евра во градинките во Битола-објектите со влага и трулеж реновирани и со целосно променет изглед

Август 25, 2021

Над половина милион евра, односно 34 милиони денари, вложени се за неполни четири години во сите обејкти на двете јавни општински установи детски градинки „Естреја Овадија Мара“ и „Мајски Цвет“. Со овие средства во најголем дел од општинскиот буџет, од самофинансирање, а дел и со донации сите 16 објекти на овие градинки, целосно го променија ликот. Трулежот, влагата, дотраениот инвентар и стариот мебел во зaнималните каде претстојуваа децата сега се веќе минато. Во сите градинки е инвестирано во нов мебел, нов инвентар во кујните, променета е дограмата, набавени се нови возила за потребите на градинките, целосно е лакиран пркетото, молериснаи се сите простории, набавени се нови униформи за вработените и лаптопи, а во дел од градините целосно е променета покривната конструкција и обновени фасадите.

Директорката на ЈОУ „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска, вели дека инвестирано е во 9 сите објетки кои се дел од оваа јавна општинска установа, а вкупно е вложено 18 милиони денари или околу 300 илјади евра. Во некои од клоновите капитални инвестиции немало и повеќе од 40 години, односно откако се изградени градинките и пуштени во употреба. Во објектите на „Естреја Овадија Мара“ има капацитет за згрижување 911 деца, а по КОВИД-протоколите во моетот се згрижени 550 деца, но поради годишните одмори овој број е преполовен.

Директорката на ЈОУДГ „Мајски Цвет“, Снежана Тодоровска, вели дека за обнова на 7 објектите се вложени над 16 милиони денари, за промена на мебелот, детските креветчиња, столчиња и масички за сите 32 занимални, променети се прозорци, набваен е нов инвентар за кујните, набавени се нови униформи за вработените, но изведени се и капитални инвестции како во градинката „Коца Василевска“, каде со грант од Владата на Јапонија и средства од Оптшина Битола, променет е покривот и поставена е енергетски ефикасна фасада. Во оваа градинка според КОВИД протоколите се згрижени над 400 деца, но летово со одморите и овде бројот е преполовен.

Освен овие вложувања во веќе постоечките објекти за подобрување на улсовите за згрижување на децата, се прошируваат капацитетите на градинките, па сега  можат да се згрижат доплнителна бројка од 150 деца, а веќе се градат и два нови градинки со капацитет од 400 деца, со што серизоно се зголемува опфатот на деца во грдинките во Битола, проблем кој се провлекуваше со години, поради што се правеа долги листи на чекање за запишување во некоја од градинките.

 

Фотографии од „Естреја Овадија Мара“ пред и потоа

 

240402274 323880649482000 1552958495338872236 n

 

239583049 388985629273688 1476394181383088928 n

239700146 560672038704470 6401769162970001035 n

239741411 578268089874938 1136942984861810167 n

239606870 236367758494763 6675992947430749426 n

239675287 1298526083912827 8480624543520887726 n

239704825 214936047254857 5018762866793557623 n

239848635 4356565284407377 9048731389849477619 n

240124398 378253020363994 5330399105052890966 n

240217120 572591427229928 551351642192570746 n

 

 

 

Фотографии од градинките „Мајски Цвет“ во кои се извршени интервенции

 

239916509 1438761833171197 6850625474512806331 n

239931271 364557771836194 5553961459615083662 n

239994215 617824432538604 4282786726209605921 n

240081226 271105777861874 2364773561455802693 n

240370478 641401893414102 2118540839846767398 n

240394059 431772281504423 4142049555251753448 n

239617722 370158401258165 7563771673404160745 n

240410381 4216087498469088 1206097459164118848 n

239662446 280127030139389 5624368566950099722 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани