Webp.net gifmaker

Сè повеќе млади развиваат тешка клиничка слика од Ковид-19, инфомираат од Здравство

Август 25, 2021

Се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста. Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта мутацијата на вирусот. Ниската стапка на вакцинација во рамки на младите групи е она што, за жал, е причина сè поголем број на заразени да бидат токму младите, кои доколку не се имунизирани можат да развијат тешка форма на болеста, која пак може да доведе до хоспитализација, а некогаш и до смртен исхо, инфомираат од МИнистерството за здравство. 

 
Недоволно високиот степен на имунизација, особено кај младата популација, е причина и за сè поголемиот број на хоспитализации во светски рамки. Потпирајќи се на природниот имунитет и добрата здравствена состојба, младите лица ја одбиваат или пролонгираат имунизацијата, со што се изложуваат на значително висок ризик од инфекција, а во случај на заразување сè почесто развиваат и тешки симптоми и компликации, бидејќи не се соодветно заштитени.
 
Последните податоците од Израелската ЕКМО Асоцијација покажуваат дека сите хоспитализирани, критично болни пациенти кои се приклучени на апарат за животна поддршка во земјата се помлади од 60 години и без примена вакцина. ЕКМО технологијата (екстракорпорална мембранска оксигенација) во Израел се користи во особено критични случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, а во моменталниот, четврт бран на Ковид-19, од вкупно 31 невакцинирано лице приклучено на ЕКМО апарат, петмина починале, сите под 60-годишна возраст.
 
Од друга страна, шест пациенти третирани со ЕКМО, кои ја надминуваат старосната граница од 60 години, а кај кои се евидентирани и други здравствени нарушувања, успешно се опоравиле од инфекцијата со Ковид-19, бидејќи биле имунизирани четири до шест месеци пред хоспитализацијата.
 
Според претседателот на Асоцијацијата, Јигал Касиф, овие податоци се доказ дека невакцинираните пациенти страдаат од посериозни симптоми на Ковид-19, а младата популација која не е вакцинирана е особено подложна на развивање тешки симптоми од делта варијантата на вирусот.
 
И во Европа бројот на хоспитализации и пациенти со смртен исход е зголемен кај помладите, невакцинирани лица.
 
Во Англија, скоро две третини од смртните исходи предизвикани од делта варијантата се забележани кај пациенти под 50-годишна возраст кои не биле вакцинирани. Од вкупниот број хоспитализации пак, 74 отсто од истата старосна група биле без примена вакцина, покажуваат податоците од Англискиот национален институт за јавно здравство.
 
Речиси сите региони во Шведска пријавиле зголемен притисок врз болниците заради рапидното зголемување на случаите предизвикано од ширењето на делта варијантата на вирусот. Според податоците, мнозинството на нови хоспитализации се забележани кај лица кои не се вакцинирани или примиле само една доза против вирусот, односно не развиле целосен имунитет кој се добива по примање на двете дози на вакцината.
 
Здравствените работници во светски рамки се едногласни дека масовното ширење на делта варијантата и големиот број на инфицирани можат да се стават под контрола, доколку процентот на вакцинирано население се зголеми, особено меѓу младата популација кадешто трансмисијата на вирусот е најголема.
 
-Вакцинацијата останува најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а колективниот имунитет е единствениот начин да се победи пандемијата, наведуваат од Здравство
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани