АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Натпреварувањето“ кој ќе ќари советничко место на партиските листи во Битола кулминира. Во општинските ограноци на двете најголеми партии е вистинска мешаница, кој од чија лоби група ќе успее да влезе на листа и плус да биде во добитна комбинација. Преписките кој заслужува место на советничките листи, а кој не, се прелеаја и на социјалните мрежи, не само во партиските кулоари.
Познавачите на приликите во Битола велат дека за партиските членови престиж е да се биде на советничка листа и јавноста на тој начин да го перцепира локалниот политичар, ама она што е уште поважно е хонорарот од 19 до 20 илјади денари месечно, односно 70 проценти од просечниот личен доход во Македонија и секако сите „затскриени“ привилегии на идните советници, најважното вработувања за себе или за блиските во државни институции. Ваквата ситуација се провлекува од избори до избори и нема кој да стави крај на апетитите на членството. Па така и сега вистинска јагма е по советничките места на партиските листи. Се лобира на големо, на партиските повици се пријавиле и „кадарни“ и „некадарни“ велат членови од двете најголеми партии во Битола. Повеќе на оваа тема на https://nezavisen.mk/jagma-za-sovetnichkite-listi-vo-bitola/