АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ во Битола Христо Кондовски денес испрати честитка до граѓаните по повод Денот на независноста. Тој беше дел од делегацијата на СДСМ која положи цвеќе пред Споменикот на револуцијата.
„По три децении интензивна борба за македонската државност, денес сме исправени пред нови предизвици. По распадот на Југославија , борбата за македонската сувереност ја водевме со одредени тензии и недоразбирања, а денес ја водиме со прогресивни политики, за подобро утре, за подобро на сите наши сограѓани. Токму тука го гледам мојот придонес да бидам кандидат за градоначалник на Општина Битола, преку моите менаџерски агресивни и ефикасни практики да донесиме забрзан економски развој. Денешниот ден на независноста на нашата држава ме обврзува на тоа“, рече Кондовски.