2win800x200

Кандидатот на СДСМ Кондовски се сретна со битолските пензионери

Септември 14, 2021

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Христо Кондовски, денеска се сретна со битолските пензионери и со нив разговараше за подобрување на условите за живот на оваа категорија граѓани

 
 
"Здружението на пензионери - Битола под претседателство на Даница Петличкова обединува над 20.000 членови. Здружението на пензионери инвалиди уште 1500 пензионери. Популација од чие искуство и мудрост треба да црпиме идеи и сугестии за развој на Битола. Со претставници на двете здруженија денеска уште еднаш ги утврдивме потребите од дом за стари лица, бидејќи постоечките капацитети не се доволни, отворање на пензионерски клубови, како и изработка на социјална карта, која ќе ги прикаже реалните услови во кои живеат пензионерите и која ќе биде основа за подобрување на тие услови", рече Кондовски
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани