Со традиционалната ликовна изложба “Малиот Битолски Монмартр” кој оваа година одбележува и сопствен јубилеј, 40 години од основањето, вчера одбележа и 30 години од независноста на Македонија.
Настанот се реализираше во новото “Кино Манаки” .
"Уметноста не знае за граници а факт е дека Битола е културен центар. Пред се би сакала да го честитам Денот на независноста а потоа веднаш да акцентирам дека оваа вечер со нас како и изминатите 40 години е Малиот Битолски Монмартр. Чичко Коста е симбол на културното милје на Битола а неговите пионерски чекори пред 40 години и цел животен век посветен на работата со најмладите не задолжи да го негуваме неговото чедо Малиот Битолски Монмартр кој е културен печат на Битола.И тоа негување можно е да се реализира само преку формата на вистински љубители а пред се и креатори на овие уметнички дела и секако наследниците кои останаа после него. Малиот Битолски Монмартр е установа, бренд на Битола и како таков ние имаме општествена одговорност да сме секогаш тука кога тој има потреба од нас, кога најмладите творат и кога МБМ изложува. Живееме во тешки времиња на ковид Пандемија кога искрено од душа ни недостигаше низ овие две години детскиот џагор низ Старата битолска чаршија ни сите локации низ градот каде се воодушевувавме на детските ликовни вештини", рече градоначалничката Наташа Петровска
Претседателот на Здружението Мал Битолски Монмартр Елена Хаџи Антоновска во знак на благодарност за соработката за Културно информативниот центар подари уметничка слика
"Малиот Битолски Монмартр својот 40-ти јубилеј го слави преку целата година, но на овој ден традиционално се претставува со своја изложба во чест на празникот. Изложените дела се од богатиот фонд на МБМ, но овие денес овде за прв пат се изложуваат. Огромна чест и задоволство ни претставува што за прв пат соработуваме со КИЦ и гостуваме во киното Манаки, како знак на благодарност за одличната соработка го подаруваме ова ликовно дело со наслов "Манаки" чие место несомнено припаѓа токму во оваа институција, рече Хаџи Антоновска
фото: Љупчо Илиевски Машлак