Времен режим на сообраќај во недела кога се одржува ,,Трчај бе"

Септември 09, 2021

Времен режим на сообраќај во Битола за 12 септември за Трчај бе

СВР Битола заради одржување на спортскиот настан „Трчај Бе“ 2021 година, во чии рамки годинава ќе се одржи и Балканско првенство во Полумаратон, на ден 12.09.2021 година (недела) во Битола, во временскиот период од 07,00 до 12,00 часот ќе преземе мерки на посебен режим на сообраќај на следните релации:

– Старт на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула

– „Бул. 1-ви Мај“ од страната на Музичко училиште се до кружниот тек кај Педагошка

– улица „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро

– улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“ која води кон Вила Молика ќе биде слободна)

– Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола

- ул. „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие -

ул. „Батаљон Стив Наумов“

- ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“

- ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата

- ул. „Солунска“ до ул. „Широк Сокак“ Од Широк Сокак од ул. „Солунска“ до стартот на трката кој воедно е и цел.

Цел на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула

Апелираме до граѓаните паркинг местата кај Плоштад Магнолија односно Саат Кула и на ул. Солунска кај Широк Сокакда бидат слободни во недела наутро со цел непречено движење на тркачите меѓу кои ќе има и репрезентативци на повеќе земји.

Нема достапен опис

Предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот. Во случај на итност (медицинска помош, полиција, противпожарна служба) повикајте ги надлежните служби. Здружението „Трчај бе“ кое е организатор на настанот однапред се заблагодарува на сите Битолчани за нивното разбирање за овој голем спортски настан и ве повикува на бодрење на тркачите, по наведените улици со почитување на здравствените мерки и протоколи.

Нема достапен опис

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани