Епидемиологот Тони Коњановски е кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.
ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола и официјално потврди за изборот на Коњановски.
-Коњановски е битолчанец од стара позната градска фамилија, својот работен век го поминува во ЈЗУ “Центар за јавно здравје”, а последниве четири години ја извршуваше и функцијата советник во Советот на општина Битола. Коњановски е најсериозно најдобрата понуда за Битола, заради тоа што ја познава Битола, ги познава сите проблеми на битолчани, а четиригодишниот мандат во Советот му помага точно и прецизно да ги лоцира инфраструктурните, сообраќајните и предизвиците за локален економски развој на Битола, преку нови инвестиции, нови работни места и вложување во туризмот, пишуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола. .
Д-р Тони Коњановски, во време на КОВИД кризата, ја потврди својат висока професионалност, човечност и хуманост, велат од партијата.
Од партијата потврдуваат дека носител на листата за советниците ќе биде Пеце Милевски - актуелниот претседател на ОК НА ВМРО ДПМНЕ Битола.