АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка на својата функција.
Како што објави на кусата прес конференција, оставката ја поднел поради чувството на морална и етичка одговорност поради страотниот пожар во Ковид центарот во Тетово, во кој загинаа 14 луѓе.
-Секогаш стоев одговорено и транспаретно. Никогаш не бегав од критика, никогаш не се откажав да ја победиме пандемијата. Последната трагедија многу ме погоди. Затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Заев. Сакам да им се заблагодарам на довербата. Сакам да им се заблагодарам и на медиумите за нивната транспареност и соработка, рече Филипче.