АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
До општинската изборна комисија пријавени се кандидатурите на Зоран Лазаревски-Паљо предложен од група избирачи, Христо Кондовски предложен од СДСМ и коалицијата, Тони Коњановски предложен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јорго Огненовски од партијата Демократи, Горан Тасковски од партијата „Македонска ера трета" и лидерот на ЛДП Горан Милевски предложен од коалицијата на ЛДП и ДОМ – „Движење одлучно за промени".
За членови на новиот состав на Советот на Општина Битола каде место има за 31 советник, пријавени се 14 кандидатски листи на политички партии и листи поддржани од група избирачи.
Во ОИК-Битола евидентирани се кандидатурите на советничките листи предводени од Ремзи Медик поддржан група избирачи, Ристенка Алтипармаковска поддржана од група избирачи и Габриела Илиевска носител на листа поддржана од група избирачи.
Листи со кандидати за советници во Советот на Општина Битола ноќеска до полноќ доставиле и политичките партии ДУИ, Алијанса на Албанците/Алтернатива, Левица, Македонска ера трета, Демократи, Единствена Македонија, Интегра, ТМРО, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата и коалицијата на политичките партии ЛДП и ДОМ. /МИА