АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Меѓу учесниците на третата по ред трка „Трчај бе“ што се одржа во Битола, беше и Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на СДСМ. Изрази задоволство од учеството и посака во ваков дух и пријателска атмосфера да трчаат и на изборите.
„Задоволство ми е што втора година по ред учествувам во атлетската трка полумаратон “Трчај бе“.Прекрасна спортска манифестација, убав настан на кој уживав во друштво на семејството и моите битолчани! Среќен сум да видам колку многу луѓе се приклучија со голем ентузијазам. На Битола ѝ личат ваквите спортски настани. Посакувам токму во ваков дух и пријатна атмосфера да трчаме и на избори, сите заедно за поубава Битола“, изјави Кондовски.