2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Наташа Петровска-Да не се повтори неотчетноста на Талески!

Септември 29, 2017

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, неколку години назад не собра храброст да се појави пред  Советот на Општина Битола и да даде отчет пред советниците, како се трошат парите на битотолчани.  Во исто време советниците од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ги аминуваше сите буџети  и одлуки на Талески.

 

Така битолчани ниту едно лето немаа информација  колку пари Талески потроши на Битфест, за новогодишните журки на плоштадот Магнолија или пак зошто парите од комуналии од поранешната касарна ги пренамени за ИЗ„Жабени“,без да знаат граѓаните, а во истовреме  за „Златен рид“ ги задолжи битолчани со кредит од 1,5 милиони евра.

-Долго време го немаше Талески на седница на Совет,  и тогаш кога ќе се појавеше не даваше точни и прецизни одговори на нашите  прашања, туку ја  вртеше приказна на тоа што тој сакаше да зборува, обвини денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ, Наташа Петровска.  

Петровска вели дека само транспарентна и одговорна општина, може да биде добра за граѓаните, затоа начинот на кој Талески ја водеше општината во иднина нетреба да се повтори.

-Како советник и како координатор на советничката група,и цела советничката група на опозицијата немаше можност тогаш кога бараше  информации ,а се однесуваа на финансиите да ги добие, иако го имаме Законот за слободен пристап до информации. Имаше моменти кога моравме да реагираме до Комисијата за слободен пристап до информации, за да  добиеме податоци, тоа не смее повеќе да се повтори. Идната локална самопурава тоа нема да го дозволи -обвини Петровска, ветувајќи дека новата локална самоуправа предводена од СДСМ и коалицијата ќе биде отчетна, отворена и услужна за сите граѓани на Битола.

-Креирањето на буџетот ќе биде токму инспириран од потребите на граѓаните. Граѓаните и нивните потреби ќе бидат внесени при креирање на  буџетот и што е најважно, одговорно ќе бидат трошени народните  пари. При тоа секој потрошен денар ќе биде даден до знаење на граѓаните каде и зошто е потрошен-рече на денешната прес-конференција, Петровска.

Талески во своето работење последните години се покажа нетранспарентен и кон дел од новинарите.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани