Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Битола Тони Коњановски денеска оствари средба со дел од битолските конзули.
-Битола, градот центар, крстопат каде се спојувале ориентот и западот, се создавала уникатната мода преку симбиозата на ала турка и ала франга традициите, град каде погледите зајдуваат, град со илјадници приказни – мора да воскресне!
На средбата со дел од почесните битолски конзули бевме едногласни: Нашата Битола европското присуство и перспектива ќе го обезбеди преку соработка, лобирање, размена на добри практики и искуства. Економијата, културата и образованието се подрачја кои треба да го постават темелот на новата европска и развиена Битола, објави Коњановски.