2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„АНТИЦИГАНИЗАМ И ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ“ – ПРОЕКТ НА „СУМНАЛ“ ВО БИТОЛА

Септември 23, 2021

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, во рамките на програмата Еразмус +, во клучната акција 1, од 13 до 18 септември 2021 година го реализира проектот „Антициганизам и дигитални медиуми”.


sumnal 1


Проектот се реализира со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија, кофинансиран од Европската комисија.


s4
Целта на проектот е е да ги запознае младите луѓе со терминот „антициганизам“, што значи тој, последиците од истиот и начините на превенција, со акцент на дигиталните медиуми како најшироко познат дистрибутер на вести и информации кои што ги користат младите.

s5

Специфични цели на проектот беа:
-     запознавање со терминот „антициганизам“, начините за превенција и борба против него;
-    препознавање на лажни вести на дигиталните медиуми со акцент на социјалните мрежи како начин за борење со „антициганизамот“, а со тоа и зголемување на дигиталните вештини кај младинските работници и младите;
-    промоција на инклузијата на луѓето со помалку можности, со акцент на ромите и другите малцинства, мигрантите и бегалците;
-    зајакнување и развивање на вештините на младинските работници со цел да се овозможат да ги едуцираат младите како успешно да се борат против дискриминцијата, стереотипите и говорот на омраза.

s6

Проектот се реализира во хотел „Капри“- Битола, со учесници од Република Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Турција, Бугарија и Романија.

s7

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани