2win800x200

Ни едно дрво нема да се сечи за изградба на велопатеките во Битола, детали за проектот

Септември 20, 2023

Општина Битола за Апла.мк  одговори на дилемата на новото мнозинство во Советот околу изградбата на велопатеките.

Па, велат дека „не е предвидено сечење на дрвја по трасите“ за реконструкција на тротоари и воведување на велосипедски патеки на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“. Отстранување на времени објекти потребно е да има пред Педагошки факултет, пред Клиничка болница и во непосредна близина на маркетот „Шик“ на улицата „Партизанска“,  од двете страни.

Околу сообраќајната студија наведуваат дека – „Улицата ‘Партизанска’ ќе остане двонасочна улица, а велосипедските патеки ќе бидат еднонасочни.“

 

Детална информација од Општина Битола на поставени прашања од Апла.мк 

Со проектот за изградба на велопатеки не е предвидено сечење на дрвја по трасите за реконструкција на тротоари и воведување на велосипедски патеки на улиците Партизанска и Васко Карангелевски. Отстранување на времени објекти потребно е да има пред Педагошки факултет, пред Клиничка болница и во непосредна близина на маркетот „Шик“, од двете страни.

Улицата Партизанска ќе остане двонасочна улица, а велосипедските патеки ќе бидат еднонасочни.

Во однос на прашањето: По евентуалната изградба на патеките, на колкава површина ќе има наново прекопи за поставување на топловодот-гасоводот, односно на колку и кои позиции ќе има прекопување?, ве известуваме дека во врска со Основниот проект за изградба на топловодот (разводна мрежа), истиот е во фаза на одобрување во Министерството за транспорт и врски. Трасата на топловодот по улица Партизанска, гледано во западен правец, ќе биде во десната коловозна лента, непосредно покрај работ на коловозот. Многу мал дел, каде што се прави прстен за намалување на притисокот, ќе навлези во зелениот појас. На улица Васко Карангелевски, трасата е во коловозот. За гасоводните инсталации по улица Партизанска, изработен е Проект за инфраструктура и за истиот е добиено одобрение од Општина Битола. Основните проекти се во фаза на изготвување, а истите ќе бидат усогласени со изведената состојба на терен. За улица Васко Карангелевски, во однос на гасоводната мрежа, изработката на проектната документација ќе се одвива во следните фази.

Сепак, за овој проект, сеуште останува од страна на централната власт да бидат решени повеќе прашања по однос на изградбата на гасоводната мрежа, односно да бидат обезбедени финансиски средства, да се спроведе постапка за јавна набавка, да се избере изведувач и секако да се утврди кој ќе стопанисува со гасоводот.

Доколку, Советот на општина Битола, донесе одлука за кофинансирање на европскиот проект „Smart4you2“ за изградба на велосипедски патеки, односно за реконструкција на тротоари со воведување на велосипедски патеки, ќе следува спроведување на постапка за јавна набавка за избор на изведувач, согласно ПРАГ процедурите и градежните работи ќе може да започнат на почетокот на 2024 година и да бидат завршени најдоцна до септември 2024. Крајниот рок за целосно завршување на проектот е 28 февруари 2025 година, соопштија од Општина Битола.

А.Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани