2win800x200

Благодарница за градоначалничката Петровска од битолските Борци за посветеноста и соработката во нејзиниот мандат

Октомври 11, 2021

 

 
Во рамките на чествувањата по повод  празникот 11 Октомври, на тема „Предизвиците на 11 октомври – 80 години потоа“  говореа потпретседателот на Сојузот на борци Битола Стефан Бошков, историчарот д-р Александар Литовски и градоначалничната на Општина Битола  Наташа Петровска, во присуство на претставници од Сојузот на борците и почитувачи на нивните дела. 
FB IMG 1633965195975
 
Излагачите, од свој аспект искажаа сопствени мислења за значењето на овој голем датум од македонската историја, за кој и по 80 години, постојат и сведоштва и историски записи за текот на самиот настан и натамошниот развој на ангифашистичката борба. 
 
FB IMG 1633966194416
 
Потпретседателот на Сојузот на борци Стефан Бошков, во својот говор ја истакна благодарноста за одличната соработка со градоначалничката Наташа Петровска, особено што во нејзиниот мандат се санираше Меморијалниот споменик на НОБ во селото Бистрица, кој го симболизира Вториот реонски комитет на Комунистичката партија на Битола и Битолско и има големо значење за регионот, историјата и антифашистичката борба. Исто така, во мандатот на Петровска беше  откриена бистата на Ѓорѓи Наумов, во Алејата на борците од НОБ. Во знак на благодарност за нејзината помош и залагање, претставниците од Сојузот на борци и доделија Благодарница на градоначалничката Петровска.
 
FB IMG 1633965187739
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани