2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Колку е принципиелна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците?

Октомври 14, 2021

Со човекот за кој до пред пет години велеа дека македонскиот народ го множи со нула, сега коалицираат. ВМРО-ДПМНЕ тогаш го напаѓаше Заев поради соработката со Села кого го критикуваа отворено дека не го признава македонскиот иденитет, сега се најдоа во коалициски „брак“ пред локалните избори. При денешната посета на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски на Битола, го запрашавме колку е сега принципиелна коалицијата меѓу неговата и партијата на Зијадин Села? Одговори дека се заснова на принципи за борба против криминалот и корупцијата.

„Направивме коалиција против организираниот криминал и корупција зашто во Македонија цвета корупцијата и криминалот. Најдобар доказ на комбинацијата на неспособност и криминал и корупција е тоа што се случи во Тетово, а можеше да се случи било каде зашто на криминален начин беа изградени модуларните болници. Соработката е базирана на оваа основа. Власта секогаш кога нема одговор за криминалот и копрупцијата отвора големи национални теми. Не одговараат што ќе направат во Тетово, ама разговараат кој ќе бил предтседател а ние сега бираме градоначалници. Неспособноста ја покриваат со вештачки конфликти. Се направија прво да не се случи колациција, но таа сега функционира зашто има чесни луѓе од двете страни кои сакаат да соработуваат“, рече Николовски.

Тој додаде дека претпоставува оти средби има и во Битола меѓу лидерите на локалните ограноци на двете партии.

Двете партии пред овој коалициски „брак“ имаа различни ставови за Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, Законот за јазиците и ред други суштински политички и национални парашања. Воедно, членови на ВМРО-ДПМНЕ беа судени дека го организирале упадот во Собранието на 27 април, во кој Зијадин Села беше поретепан и одвај извлече жива глава. Од партијата на Села пак, во повеќе наврати изјавуваа дека нема да коалицираат со партија која не го признава Преспанскиот и догоиворот со Албанија. Но, за овие избори работите се променија и двете партии кои меѓусебно си контрираа сега заеднички ќе настапат во обидот за освојување на локалната власт. Во политиката нема вечни пријатели и непријатели, вечен е само заедничкиот интерес. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани