2win800x200

Посакувам убава и посреќна Битола- честитка на Коњановски за 4 Ноември

Ноември 03, 2021

Го честитам големиот празник 77 -години од ослободувањето на Битола, посакувам добро здравје до сите мои сограѓани, посакувам поубава и посреќна Битола, заеднички да изградиме еден убав дом за сите нас. Да ја вратиме насмевката и довербата меѓу луѓето. Да си подадеме рака, тоа е она што искрено го посакувам, рече градоначалникот Тони Коњановски во честитката за 4 Ноември.  

Запрашан како се чувствува во реставрираниот Офицерски дом рече убаво и дека местото му ги враќа спомените од дестството кога со армоникашкиот оркестар „Стив Наумов“ учествувал на некоја манифестација. 

„Секако на Домот мора се даде добра намена, да продолжи да опстојува на добробит на сите и ќе ја продолжиме заштитата“, рече Коњановски. 

 Тој заедно со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и советник Пеце Милевски присуствуваа на одбележувањето на 4 Ноември. 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани