2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ако не беше битолската публика, немаше да бидам ни јас она што сум, рече Пепи Мирчевски добитник на наградата за животно дело

Ноември 03, 2021

„Чест ми е што го добивам ова високо признание за животно дело. Горд сум што можев на својот мајчин македонски јазик да го промовирам мојот матичен театар, Народниот театар од Битола, мојот град Битола и мојата земја Македонија низ многу земји во светот. Му се заблагодарувам на моето семејство од кое секогаш имав голема поддршка, но и на мојот театар, на мојот град Битола и на моите битолчани. Посебна благодарност до битолската публика која ме следеше сите овие четири децении низ моите театарски, телевизиски и филмски оставрувања. Секогаш ме бодреше, поддржуваше и мотивираше да истраам во она што го работам. Ако не беше битолската публика немаше да бидам ни јас она што сум затоа ви благодарам и ви се поклонувам“, рече актерот Петар Мирчевски-Пепи при примањето на наградата 4 Ноември за животно дело.  

Тој е првенец на Народниот тетар во Битола, актер кој придонесе оваа театарска куќа да биде на високо ниво, личност која го претставува македонскиот театар и филм во нашата држава, Европа и светот. Неговиот придонес е од огромно значење во создавање на заштитниот квалитативен знак на Народниот тетар во Битола, во придонесот за создавање на позитивната колективна атмосфера во ансамблот. Оваа година слави својот 40 годишен јубиолеј актерска професионална дејност. 

Роден бил во Крушево, основно образование започнал во село Растојца, го продолжува во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола и за време на гимназиските денови се вклучува во драмската секција во  гимназијата и станува член на младинската сцена при Народниот театар во Битола. Потоа студира актерство, се истакнува со својот талент и темперамент. Од 1979 година работи во Народниот театар Битола каде се уште остварува бројни улоги. Повеќето негови улоги биле стожерни и имал над 160 премиери. Се промовира и со своите актерки дострели на полето на филмот. Голем дел од тие филмови учествуваат на врвни светски филмски фестивали. Играл во „Пред дождот“, „Сенки“, „Мајки“, „Прашина“ и „Врба“ на Милчо Манчевски, „На млечниот пат“ на  Емир Костурица, „Фалсификатор“ на Горан Марковиќ и многу други.  

Наградата за животно дело му ја враќи градоначалничката Наташа Петровска. Таа е во вид на плаќета и паричен износ од 60 000 денари.          252413898 185265827097748 3238409686366343513 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани