2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 4 НОЕМВРИ 1944 ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БИТОЛА ОД ФАШИСТИЧКАТА БУГАРСКО-ГЕРМАНСКА ОКУПАЦИЈА

Ноември 04, 2021
 
 
По капитилацијта на фашистичка Бугарија, продолжувајќи ја борбата против  германските единици што се повлекувале од Грција кон Албанја и Србија, борците на 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чии рамки влегувале борците од Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред, а нешто подоцна и борците на Леринско-костурската бригада, уште позасиелно ги напаѓале германските колони и им нанесувале тешки загуби во луѓе и техника.
 
Така, во текот на октомври 1944 година единиците од составот на Седмата бригада ги напаѓале германските моторизирани колони на патните правци Битола-Прилеп, Битола-Демир Хисар, Битола-Ресен, Битола-Охрид, а во борбите кај селата Лопатица и Тополчани, биле уништени повеќе непријателски камиони и повеќе стотици непријателски војници. Само кај Превалец, во ноќта меѓу 7 и 8 октомври биле убиени 160 непријателски војници.
 
На 24 октомври, делови на Бригадата на секторот јужно  од с. Беранци воделе борби со војниците од германска моторизирана колона составена од 250 возила. Исто така беа и ликвидирани непријателските упоришта во непосредна близина на Битола односно кај Крклино, кај Могила и др.
 
Од друга страна кон 20 октомври 1944 г. Леринско-костурската бригада, по наредба на Штабот на 49. дивизија на НОВ и ПОМ, ги затворала патните правци Лерин-Битола и Меџитлија-Битола и во реонот на битолските села Породин, Кравари и Бистрица имала повеќе напади врз германските моторизирани колони кои се повлекувале од Грција.
 
Утрото на 4-ти ноември 1944 година, единиците од 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, победоносно влегле во Битола каде биле со воодушевување пречекани од граѓаните.
 
Во четиригодишната херојска Националноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, граѓаните на Битола и Битолско дадоа значаен придонес, а околу 266 борци ги положија своите животи во нерамноправна борба со бугарските, италијанските и германските окупатори и нивните домашни слуги. 
 
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани