АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не секогаш парите се пресудни за отворање сопствен бизнис, поважна е идејата, визијата и храброста, заклучија учесниците на јавната дискусија во органзиација на МКЦ Битола на тема „Можности за поддршка и развој на бизниси“.
-Темата е поттикнувачка не само за младите туку и за сите потенцијални претприемачи да се охрабрат и да почнат свој сопствен бизнис, бидејќи тој носи многу просперитет не само за нив лично, туку и за пошироката заедница, тоа е одлична можност за повисок стандард, за младите да останат во своите родни места. Времето тоа го покажува и дека неминовно најадобро можеш да се снајдеш во сопствената средина. Не секој новоотворен бизнис е успешен, на Запад од 10 новоотворени бизниис, 3 се успешни. Никогаш не значи дека првата идеја е онаа вистинската, можеби нема со првиот обид ќе се реалзира успешен бизнис, но битно е да има идеи и луѓе кои можат да бидат носечки во развојот на бизнисот, на економијата и стандардот. Парите за започнување на сопствен бизнис не се пресудни, битна е идејата, битен е менаџерскиот дух, битна е визијата, битна е храброста и битна е трпеливоста, рече Сашо Додовски, директор на МКЦ-Битола.
Младата Ана Ристевска, управител и сопственик на ИТ компанијата „Јавен Адвертајзинг“ од Битола, вели дека почетоците на нејзиниот бизнис пред 4 години беа тешки, полни со предизвици, но и со мноугу можности.
-Ние како ИТ компанија потполно ги искористивме тие можности и цело време ги искористуваме. Целта ни е на овој настан, ние претприемачите кои што дејствуваме локлано, но и интернационално, да дадеме совет, на кој начин можат да се прошират новонастанатите бизниси, но и на кој начин можат да се искористат повиците, кои се нудат преку различни грантови. На тој начин може полесно да се влезе на пазарот и да се успее. Можностите се присутни насекаде, постојано има различни огласи, конкурси, веб страници, но сепак младите немаат навика да пребарауваат. Затоа семе тука преку разни обуки, семеинари, јавни настани, тоа да го претставиме и да им ги покажаем насоките каде да пребаруваат и да го искористта. Да се изнајде точната потреба на пазарот е клучно. Има можности и финансиски и кадровски, доколку се бара соодветно може да се најде, но сепак, да се најде точната потреба на пазарот, точно што сакаат клиентите, тоа е најважниот момент кој што треба да го направат младите бизниси, бидејќи доколку се таргетира точната група на клиенти, тогаш успехот е загарантиран“, рече Ристевска.
Билјана Врцал Ванчевска е сопственик и управител на заботехничката лабораторија „Лаб Про Дентал“ од Битола, со има компелтно дигитализрана производен процес на протетичките помагала. Тоа е единствена лабараторија од ваков тип кај нас водена од жена и една од трите жени на Балканот со ваков бизнис.
-Битно во животот е да знаете од каде тргнувате и каде сакате да стигнете. Да имате јасна цел и да си поставувате цели. Некогаш знаеме да се уплашиме од превисоките цели кои што ќе си ги поставиме, меѓутоа секогаш треба вербата во себе, дисциплината во извршувањето на активностите да е она што ќе те води кон успехот. Младите мислат дека надвор полесно ќе успеат, а во таа урбана џунгла можат само да се загубат. Јас сум пример дека и од Битола се може, а со тоа што остнав овде добив повеќе време за смејството и пријателите, рече Ванчевска.
Со овој настан, кој е веќе традиционален, МКЦ-Битола по 11- ти пат се приклучи кон активностите за одбележување на Европската недела на мали и средни претпријатија 2021 кои се случуваат ширум Европа.