Webp.net gifmaker

ЕСМ го осуди обидот за сензационализам и прозивки на Пеце Матевски од некои портали и ВМРО-ДПМНЕ

Ноември 24, 2021

АД ЕСМ ги осудуваат обидите за сензационализам на приватниот живот на секој граѓанин, како и обидите на опозициската ВМРО-ДПМЕН да ги прозива оние граѓани кои работеле дополнителна работа за лична егзистенција, особено кога политичката структура не дозволуваше професионални лица да работат и да напредуваат на соодветно место ако немаат соодветна партиска припадност, се наведува во соопштението од АД ЕСМ, откако денска Управниот оодбор на Државните електрани донесе одлука Пеце Матевски да го назначи за ВД директор на РЕК Битола , а Стојан Мицоски за ВД директор на РЕК Осломеј.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ до медиумите испрати соопштение со рекација  дека на чело на РЕК Битола е поставен „хармоникаш кој свирел по кафеани и ресторани“, а од АД ЕСМ одговорија дека Матевски и Мицоски се докажаa како успешни кадри. 

„До назначувањето, Пеце Матевски ја извршуваше функцијата директор на Термоелектрана, а претходно беше координатор за Електромашинско одржување и раководител на Служба за техничка сигурност. Претходно работел во приватниот сектор.Матевски е дипломиран машински инженер и магистер по менаџмент на човечки ресурси. До назначувањето за в.д. директор на РЕК Осломеј, Стојан Мицкоски ја извршуваше функцијата технички директор на Рудници, а претходно работеше како одговорен инжинер на јагленов систем и раководител на Машинско одржување. Мицкоски е дипломиран машински инженер. И двајцата се назначуваат на позициите в.д. директор затоа што во изминатиот период ги искажале своите работни способности во услови на кризни ситуации и услови кои бараат брзо, соодветно и стручно реагирање, и дале значаен придонес во работниот и производниот процес на РЕК Битола и РЕК Осломеј“, се наведува во соопштението од АД ЕСМ

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани